Пред точно една година, Сантијаго Солари беше на клупата на еден од најголемите фудбалски клубови на сите времиња, Реал Мадрид, а сега е на чекор да стане кормилар на селекцијата на Ерменија, која во моментов е 102-ра фудбалска репрезентација во светот.
Солари, кој е екс-играч на Кралевите, на клупата на мадридскиот клуб го наследи Хулен Лопетеги во есента 2018 година, а по само неколку месеци мораше да ја напушти тренерската позиција. Му пресуди шокантниот пораз на Реал на „Сантијаго Бернабеу“ со 1-4 од Ајакс Амстердам.
Ерменски „ArmSport“ тврди дека Солари дека ќе го замени Абрахам Кашманјан кој е актуелен селектор на репрезентацијата на Ерменија. Токму Ерменците беа дел од квалификациската група заедно со Македонија во Лигата на нации, но тие ги загубија шансите за евентуален пласман на ЕУРО 2020.
Аргентинскиот тренер со клупата на Ерменија се поврзува благодарение на директорот на ФС на Ерменија кој е Шпанец, Жинес Мелендез.
Солари по отказот од Реал е без ангажман, а неодамна изјави за шпанските медиуми дека не го поли отказот од Кралскиот клуб затоа што чест е да се биде дел од таков клуб. Солари истакна дека негова желба е да води клуб во Премиерлигата.