Пех за голгетерот на Јувентус, Марио Манџукиќ пред Супер куп – дуелот против Милан кој ќе се одигра на 16 овој месец во Саудиска Арабија.
Според информациите од Торино, Хрватот го повредил мускулот на утринскиот тренинг, поради што ќе мора да биде надвор од теренот неколку дена.
Тежината на повредата дополнително ќе се одреди, неизвесно е дали Манџукиќ ќе биде подготвен за Милан, но сигурно „Старата дама“ ќе биде без услугите на напаѓачот на викенд првенствениот дуел против Болоња.
Манџукиќ оваа сезона веќе еднаш погоди против „Росонерите“ во пресметката на двата клуба во Серија А, во која Јуве славеше со 2-0.