Шпанскиот напаѓач, Сусо се надевa дека нема да мора да се врати во Милан. Тој во зимскиот преоден рок прејде на позајмица во Севилја, а на крајот на сезоната тимот од Андалузија може да го откупи неговиот договор за 21 милион евра.
Тој сака да остане во татковината.
„Се надевам дека со Севилја ќе играм во Лигата на шампиони и дека ќе освоиме некој трофеј. Би сакал да останам овде, се ндевам дека тоа ќе се случи“ – изјави Сусо за шпански „АС“.
Тој ја искоментира и актуелната ситуација во неговиот поранешен клуб.
„Додека бев во Милан сменивме тројца претседатели, неколку тренери и десетици играчи. На тој начин не можете да направите ништо големо и цврсто. Не може толку да се менува“ – вели Сусо.
Во врска со пандемијата со коронавирусот вели:
„Никој не можеше да очекува вакво нешто“.