Top Sport

Тајсон: Не сакам да се тепам со најголемата на сите времиња (видео)

Легендата на светскиот бокс, Мајк Тајсон (53) се пофали по средбата со една од најдобрите тенисерки на сите времиња, Серена Вилијамс (38) на Флорида.

Објавија фотка на Твитер која за кратко време собра повеќе од 250.000 лајкови.


„Не сакам да влезам во ринг со најголемата на сите времиња. Многу љубов и почит за Серена Вилијамс“ – напиша Тајсон.

Инаку тенисерката облече боксерски ракавици и направи снимка додека тренира бокс. Силно удираше во вреќата, додека помош и совети добиваше од екс-светскиот првак во тешка категорија.

Scroll to Top