Top Sport

Toa е верност, полска фудбалска ѕвезда ќе игра без пари само да ја спаси Висла од банкрот

Еден од најголемите фудбалски клубови во Полска, Висла Краков е пред банкрот, а прв кој се понуди да помогне е некогашниот фудбалски ас на Борусија Дортмунд, Јакуб Блашчиковски (33).

Фудбалерот прифатил во пролетната полусезона да игра без пари за Висла, а ветил и дека финансиски ќе го помогне клубот во кој играше во периодот од 2004 до 2007 година само клубот да „остане на нозе“.

Блашчиковски стана голема ѕвезда во Германија откако со „милионерите“ освои две титули во Бундес лигата, а во 2012 беше дел и од финалето во ЛШ.

Тој е силна алка и во полската фудбалска репрезентација, тандем со првата ѕвезда на Полјаците, Роберт Левандовски.

Scroll to Top