Дефанзивецот на Арсенал Лоран Кошчелни на трагичен начин ја заврши сезоната. Кошелни на синоќешниот дуел против Атлетико во Мадрид ја скина Ахиловата тетива. Поради повредата дефанзивецот ќе го пропушти Светското првенство во Русија.
Капитенот на Арсенал се повреди на самиот почеток на натпреварот. Без контакт со противнички играч тој остана да лежи на тревникот на „Ванда Метрополитано“ со болна гримаса на лицето.
Противничкиот напаѓач Диего Коста прв сигнализриаше кон лекарскит тим на Арсенал веднаш да влезе на теренот. Откако неколку минути му се укажуваше помош, Кошчелни на носилки беше изнесен од теренот.
Пред една година дефанзивецот откри дека секојдневно мора да ја лечи Ахиловата тетива поради хроничен тендонитис на двете стапала.
Според првичните прогнози Кошелни ќе паузира најмалку шест месеци.