Менаџерот на Манчестер Сити, Шпанецот Пеп Гвардиола е прва желба на Управата на ПСЖ од лето да седне на кормилото на клубот, пишува француски „Le10 Sport”.
Доколку актуелниот предводник на „светците, германскиот стратег Томас Тухел не направи успех во Лигата на шампионите, извесно е дека ќе биде заменет, а Каталонецот е „прв пик“ откако наголемо се пишува за негово заминување од кај „граѓаните“.
Тухел никого не воодушеви во Париз па веќе се бара неговиот наследник. Како негов соперник се споменува името и на Италијанецот, Масимилијано Алегри.
Токму екс-клубот каде Алегри беше тренер, торински Јувентус го сака Гвардиола за кормилар, а се споменува и можно враќање во татковината, во Барселона.
Медиумите на Островот пишуваат дека Гаврдиола се „заситил“ во Манчестер Сити, па позавршувањето на сезоната ќе го напушти „Итихад“.