Top Sport

Тухел: Буфон ќе биде резерва во ПСЖ до крајот на сезоната

Италијанскиот фудбалски ветеран, Џанлуиџи Буфон се сели на клупата за резерви, откри тренерот на ПСЖ, Томас Тухел. Тој реши Италијанецот да биде втора опција на голот на „Светците“, а шанса да добие Алфонс Ареола.

Буфон требаше да потпише нов двогодишен договор со ПСЖ уште пред реванш-мечот со Манчестер Јунајтед, но сега останува нејасно дали управата на клубот и тренерот Тухел и во иднина ќе сметаат на голанот гој влезе во 40-тите години.

„Двајцата голмани тренираат напорно, но време е Ареола да ги покаже своите квалитети. Буфон ќе биде резерва до крајот на сезонава“ – рече Тухел денеска на прес-конференција.

Медиумите во Франција подолг период најавуваат дека ПСЖ сака по секоја цена меѓу стативите на „Паркот на принцовите“ да го доведе Шпанецот, Давид де Хеа, со што ветеранот Буфон речиси би бил на излезна врата.

Scroll to Top