Актуелниот македонски ракометен репрезентативец, специјалистот за одбрана, Велко Маркоски (33) е новото засилување за скопски Металург. Клубот од Автокоманда добива големо засилување во одбраната во пресрет на натпреварите од 3. коло во Купот на ЕХФ против словенечки Горење.
Маркоски неколку месеци беше без клуб откако ја напушти романската екипа Доброгеа Суд.
Стружанецот беше дел од екипата на Метаург и тоа во периодот од 2010 до 2015 година, кога Металург бележеше одлични резултати на домашна и на меѓународна сцена.
Ангажманот на Маркоски во Металург е добра вест и за селекторот на ракометната репрезентација, Данило Брестовац ако се знае дека македонските ракометари ги очекува настап на Европското првенство во Австрија во јануари следната година.