Top Sport

Веспрем го загуби Куп-финалето од ПИК Сегед, пукна аркадата на Манасков (видео)

Тимот на ПИК Сегед почна да „му набива комплекси“ на Веспрем. Денеска противниот на скопски Вардар во четвртфиналето од ЛШ го доби лутиот ривал Веспрем во Куп-финалето на Унгарија со 28-27.

На овој дуел со повреда на аркадата се здоби македонскиот ракометен репрезентативец, Дејан Манасков. Во 23 минута од мечот Манасков доби удар со лакт од противничкиот дефанзивец, Ален Блажевиќ по што пукна аркадата на крилото на Веспрем.
Тогаш нашиот ракометар тргна кон клупата на ПИК Сегед за да се пресмета со Блажевиќ, но останатите играчи спречија ескалација на ситуацијата.

Манасков се обиде на судиите да им објасни дека намерно бил удрен в глава, но немаше санкција за Блажевиќ.

Felszakadt Manaszkov szemöldöke

Forrnak az indulatok a Veszprém–Szeged Magyar Kupa-döntőn! A szegediek játékosa, Alen Blazevic könyökkel csúnya sérülést okozott a veszprémi Dejan Manaszkovnak, akinek felszakadt a szemöldöke.A félidőben: Veszprém–Szeged 10–17.A meccset itt nézhetitek élőben: http://bit.ly/2FVpYj7

Posted by M4Sport on Недела, 07 април 2019

Scroll to Top