Британскиот возач Луис Хамилтон од Мерцедес триумфираше на денешната Формула 1 трка за Големата награда на Унгарија возена на патеката „Хунгароринг“. Зад него остана возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен кој беше на чело на трката на само 3 круга пред крајот. Трет на целта стигна Себастијан Фетел од Ферари.
Ова беше седми триумф на Хамилтон на оваа патека во неговата кариера. Победата е благодарение на одличната тактика на луѓето од Мерцедес.
BREAKING: Lewis Hamilton wins the #HungarianGP ??
Max Verstappen started on pole but finishes in P2
Sebastian Vettel takes P3 after overtaking his team mate, Charles Leclerc#F1 pic.twitter.com/OK7JP6PRJi
— Formula 1 (@F1) August 4, 2019
Голема предност имаше Ферстапен, но пневматиците го издадоа во последните кругови од трката.
Сведоци бевме на неколку исклучително интересни дуели меѓу Ферстапен и Хамилтон денеска во Унгарија. Цели 20-тина кругови Британецот го бркаше Холанѓанецот на патеката откако ги смени гумите. Ферстапен се обидуваше со старите гуми да направи недостижна разлика, но не успеа во намерата.
Што се однесува на Ферари, Фетел пред самиот крај го помина клупскиот колега Леклерк кој долго време беше трет на патеката.
Зад нив од петтата позиција завршија Карлос Сајнц, Пјер Гасли, Кими Раиконен, Валтери Ботас, Ланд Норис и Серхио Перес кои успеаја да дојдат до бодови.