Селекторот на ракометната репрезентација на Словенија и тренер на Железничар од Ниш, Веселин Вујовиќ пред балканското ракометно дерби меѓу Србија и Хрватска кое за кратко почнува во Белград за хрватските медиуми ги коментира очекувањата од дуелот.
„Тоа се секогаш посебни натпревари. Хрватска е појака и доста силна репрезентација во овој момент, но во Србија се свесни дека ова се натпревари да се биде или не во борбата за Европско првенство“ – вели Вујовиќ.
Тој истакна кои се најголемите адути на Србите во дуелот.
„Србија во овој момент е најјака на голманската позиција. Имаат двајца одлични голмани, Милосављев од Вардар и Чупара од Киелце. Тоа се сјајни голмани. Перуничиќ јаки адути има и кај крилото Илиќ и кај бекот Зеленовиќ. Оваа екипа е подмладена. Хрватска е фаворит, но добро знаат дека ги чека пеколна атмосфера. Се надевам дека се ќе биде во ред, дека нема да има навреди од трибините ни за Хрватска ни за Србија“ – смета Вујовиќ.
Мечот меѓу Србија и Хрватска започнува во 18 часот.