Шестата светска тенисерка, Тунижанката Онс Жабер, ќе ја предизвика Маркета Вондрошова во финалето на Вимблдон во женска конкуренција. Жабер со пресврт славеше против Арина Сабаленка со 2:1 во сетови и обезбеди второ финале во кариерата на лондонскиот гранслем.
Сабаленка го доби првиот сет во тај-брејк, откако по голема борба славеше на поени со 7:5. Но, Онс Жабер го издржа притисокот, успеа да го скрши отпорот на Сабаленка во вториот сет, го доби со 6:4 во гемови и го продолжи полуфиналето со трет, решавачки сет.
Тунижанката имаше добар ритам, па и третиот сет го комплетираше со 6:3 во гемови.