Шведскиот голгетер, Златан Ибрахимовиќ доби статуа пред стадионот во родниот град Малме.
Напаѓачот на Лос Анџелес Галакси денеска свечено ќе ја ткрие бронзената статуа со својот лик која е висока 2,7 метри и тешка 500 килограми.
Статуата ќе се наоѓа пред стадионот на ФК Малме, клубот каде Ибрахимовиќ ја започна кариерата која подоцна ја продолжи во Ајакс, Јувентус, Интер, Милан, Барселона, ПСЖ и Манчестер Јунајтед.
„Многу сум среќен поради местото на кое ќе биде поставена статуата. Тоа беше мојата желба уште на почетокот. Во Малме тргнав и моето срце е таму“ – изјави Ибрахимовиќ.
Тој со 62 гола е рекордер за репрезентацијата на Шведска за која одигра 116 натпревари.
KING OF SWEDEN. pic.twitter.com/AtIjV0MDbQ
— NICKS (@Nicks10__) October 7, 2019