Поради хаосот на последниот петти меч од финалната серија во АБА лигата, белградска Црвена Звезда доби најтешка казна во историјата на регионалното натпреварување.
Информациите се дека дисциплинскиот судија на АБА лигата Саша Павличиќ го казни белградскиот клуб со 35.000 евра, а Звезда првите два меча од следната сезона во натпреварувањето ќе ги игра пред празни трибини. И тоа не е се. На следните два меча на домашен терен присутни во салата како поддршка на кошаркарите на Звезда ќе можат да се само жени и деца не постари од 14 години.
Слична казна доби Фенербахче во Турција пред неколку сезони кога неговите навивачи направија слични нереди.
Во понеделникот, при загревањето на играчите, играчот на Будуќност Норис Кол влегол во кавга со камерман на мечот.
Откако играчот со баскетот фрлi кон камерманот, публиката влета на теренот и дојде до физичка пресметка.
Мечот започна со еден час задоцнување, а кон теренот летаа секакви предмети.
Управата на Будуќност бараше поништување на финалната серија, а се заканува и истапување од лигата поради организациските пропусти.