Германецот Маркус Ајзенбихлер доминираше на квалификациите на втората „станица“ од новогодишната турнеја „4 Скокалници“ во петокот во германскиот Гармиш-Партенкирхен пред утрешното натпреварување.
Со скок од 137 метри и 144.9 поени, Ајзенбихлер беше подобар од Јапонецот Рјоју Кобајаши (144 поени) и Германецот Карл Гајгер (138.4 поени).
Кобајаши е лидер на „4 Скокалници“ по победата во Оберстдорф, и ќе биде фаворит за титулата во генерален пласман, додека Германија се надева на Гајгер, кој е во најдобра форма во обид да стигне до првата победа во генерален пласман по славниот триумф на Свен Ханавалд пред 20 години.