Top Sport

Алкараз обезбеди финале во Квинс и е на чекор до враќање на врвот на АТП листата

Вториот светски тенисер, Шпанецот Карлос Алкараз, се пласираше во финалето на турнирот во Квинс, откако во два сета го совлада Американецот Себастијан Корда со 6:3, 6:4.

До победата над 32. играч на светот стигна по еден час и 23 минути игра.

Алкараз трипати го одзеде сервисот на противникот, дозволувајќи еден брејк на другата страна.

Шпанецот во финалето ќе игра против Австралиецот Алекс Де Минор.

Алкараз во утрешното финале ќе се обиде да дојде до својата петта титула сезонава, а вкупно 11. во кариерата. Доколку успее да го освои трофејот, Шпанецот ќе се врати и на првото место на АТП листата.

Scroll to Top