Американецот Томи Форд ја оствари својата прва победа во Светскиот куп во алпско скијање, откако на 30 години триумфираше на велеслаломот во Бивер Крик, Колорадо, ставајќи крај на најлошата американска серија без подиуми во СК.
Норвешките фаворити Хенрик Кристоферсен и Леиф Кристијан Нестволд-Хауген ги освоија местата на подиумот, додека ветеранот Тед Лигети, кој беше четврти по првото возење заврши на 11. место.
Форд стана првиот американски скијач со победа од СК по Тревис Генонг на спустот во јануари 2017 година, и прв Американец на подиумот по Лигети во јануари 2018 година.
Форд, кој учествуваше на Олимпијадите во 2010 и 2018 година, имаше четврто место на велеслаломот во Зелден, Австрија на 27 октомври како најдобар успех, а претходно минатата сезона имаше две петти места.
Светскиот куп во алпско скијање се сели во Вал Д’Изер, Франција, каде што следниот викенд на програмата има велеслалом и слалом.
? First career win for Ford
?? First home nation win at Beaver Creek in five yearsThe American crowd goes wild as @ibeTommyFord holds his nerve on home snow in the Giant Slalom! ? pic.twitter.com/wTNKVKWcH0
— Eurosport UK (@Eurosport_UK) December 8, 2019