Top Sport

Дејан Манасков прави трансфер во Динамо Букурешт

Македонскиот ракометен репрезентативец Дејан Манасков го напушта Веспрем, а кариерата ќе ја продолжи во романскиот Динамо Букурешт. На барање на тренерот Чави Пасквал, одличното крило ќе се пресели во Романија.

Манасков пропушти голем дел од оваа сезона поради тешката повреда на лигаментите на коленото, а не играше за репрезентацијата на Македонија и на Европското првенство.

Тој во кариерата има настапувано за Металург, Вецлар, Вардар, Рајн Некар Левен и за Веспрем.

Scroll to Top