По седум пласмани на подиумот, 25-годишниот словенечки скокач, Анже Ланишек, конечно, стигна до својата прва победа во Светскиот куп во ски скокови, триумфирајќи на скокалницата во Рука, Финска, откако вчера заврши на второто место зад Јапонецот Рјоју Кобајаши.
Ланишек, кој го држи „неофицијалниот“ светски рекорд од 149 метри на Планица поставен на словенечкиот јуниорски шампионат во 2014 година, имаше скокови од 147 и 135 метри за да собере 311.9 поени и да триумфира пред Германците Карл Гајгер со 310.3 (138 и 142.5 метри) и Маркус Ајзенбихлер со 305.2 (145 и 135.5 метри).
Гајгер е прв во генерален пласман со 305 поени, Ланишек има 252 на второто место, додека Ајзенбихлер е трет со 192 поени.
Winning jump: Anze Lanisek / #Ruka, November 28, 2021#skijumping #FISskijumping pic.twitter.com/bYa6FohTUM
— FIS Ski Jumping (@FISskijumping) November 28, 2021