Ленс Армстронг, еден од најголемите измамници во историјата на спортот, му ја честиташе победата на Тур д’Франс на Словенецот Тадеј Погачар. Човекот на кого поради допинг му беа одземени сите седум титули на најпрестижната трка во светот на велосипедизмот се огласи на „Твитер“ по сензационалната победа на Погачар на вчерашниот хронометар.
„Ова беше еден од најдобрите настапи во историјата на велосипедизмот. Апсолутно неверојатна победа на Тадеј Погачар“, напишал Армстронг.
Погачар во претпоследната етапа, хронометарот долг 36,2 километри, успеа да ја стигне и престигне предноста од 57 секунди на сонародникот Примож Роглич.
22 годишникот имаше за речиси две минути подобро време од Роглич и во пресрет на денешната последна етапа има 59 секунди предност во однос на повозрасниот сонародник.