Титулата што ја освои на мастерсот во Индијан Велс, на Австриецот Доминик Тим му го донесе најдобриот пласман во кариерата на АТП листата, на која 243 недела, во својот четврти мандат ја започна Новак Ѓоковиќ. Најголем пад меѓу Топ 10 играчите забележа Хуан Мартин дел Потрот кој поради повреда не ја бранеше титулата во Индијан Велс.
Ѓоковиќ на врвот има 10.990 поени, односно 2.265 поени повеќе од Рафа Надал, кој поради повреда му го предаде полу-финалето во Индијан Велс на Роџер Федерар, а најави дека нема да настапи на мастерсот во Мајами. Трет на листата е Германецот Александар Зверев со 6.630 поени.
Австриецот Тим, откако ја освои најголемата титула во кариерата заработи 1.000 поени, што му овозможи скок од четири места на листата. Тим има 4.755 поени, односно 155 повеќе од Федерер кој се наоѓа на петтото место.
Шестот и седмото место го замиенија Кеи Нишикоти и Кевин Андерсон, осми е Дел Потро, а во Топ 10 уште се Американеоцт Џон Изнер и Гркот Стефанос Циципас.