Новак Ѓоковиќ по освоената титула на мастерсот во Шангај му се доближи на Рафаел Надал на само 215 бода. До крајот на сезоната Србинот ќе ја напаѓа првата позиција на која се наоѓа Шпанецот.
Ѓоковиќ од грен слем турнирот во Вимблдон игра во голема форма. По Вимблдон ги освои мастерсот во Синсинати и грен слемот во Њујорк, а по четвртата титула во кариерата во Шангај реални си ги направи шансите да биде број 1 на АТП листата на крајот од сезоната.
Надал е прв на АТП листата, но Шпанецот не игра од грен слемот во Њујорк поради повреда на коленото.
Инаку до карајот на сезоната двајцата ќе одиграат уште два турнири, мастерсот во Париз и завршниот мастерс во Лондон.
Минатата година Ѓоковиќ не играше во овој дел од сезоната, поради што на двата турнири не брани ниту еден поен. Ниту Надал не брани премногу поени, лани на овие турнири освои 170 бода.
Значи кој ќе забележи подобри резултати на овие два турнири тој сезоната ќе ја заврши на првото место.
На најновата АТП листа во Топ 10 има само една промена, Ѓоковиќ го мина Федерер на второто место, додека останатите ги задржаа своите позиции.
АТП, Топ 10:
1. Рафаел Надал (Шпанија) – 7.660 бода
2. Новак Ѓоковиќ (Србија) – 7.445
3. Роџер Федерер (Швајцарија) – 6.260
4. Хуан Мартин дел Потро (Аргентина) – 5.860
5. Александар Зверев (Германија) – 5.025
6. Марин Чилиќ (Хрватска) – 4.185
7. Доминик Тим (Австрија) – 3.825
8. Кевин Андерсон (Јужна Африка) – 3.775
9. Григор Димитров (Бугарија) – 3.440
10. Џон Изнер (САД) – 3.290