Холанѓанката Кики Бертенс ја освои титулата на Мастерс турнирот во Мадрид. Бертенс во финалето ја победи Романката Симона Халеп со 6:4, 6:4.
Бертенс до победата дојде по 87 минути игра и се запиша во историјата на овој турнир, бидејќи на патот до титулата не загуби ниту еден сет.
Холанѓанката ја освои деветтата титула во кариерата, а ова нејзина втора титула на турнирите од Мастерс серијата. Минатата година таа победи во Синсинати.
Благодарение на освоената титула Бертенс од понеделник ќе се најде на четвртото место на ВТА листата.