Основачот на „Мајкрософт“ и голем поборник на вакцинирањето, Бил Гејтс го коментираше ставот на светскиот рекет број 1, Новак Ѓоковиќ и неговото одбивање да се вакцинира против КОВИД-19, оценувајќи дека како јавна личност треба да покаже одговорност пред своите фанови.
Ѓоковиќ одби да се вакцинира против КОВИД пред Австралија опен во јануари, по што беше депортиран од земјата по долгата легална битка да остане во Мелбурн. По ова, Ѓоковиќ во интервју за „Би-би-си“ потврди дека е подготвен да не освои ниту една гренд слем титула до крајот на кариерата, но дека нема да се вакцинира.
„Со вакцинирање помагате на својата заедница. Не се работи за совршен лек за сопирање на инфекцијата, но ја намалува можноста. Затоа, несреќна ситуација е кога некој поради своите здравствени грижи не може да учествува во заштитата на својата заедница. Посебно кога се работи за човек кој инспирира и кому му веруваат. Затоа, му се восхитувам на Ѓоковиќ за многу работи, но посакувам да нема таков став кон вакцините“, вели Гејтс.
Bill Gates asked about Novak Djokovic not taking the vaccine bc it's essentially about his freedom of choice and his choice what he puts in his body… #BBC pic.twitter.com/k2ufyyqnbg
— ????. A⑨ (@NoleLondon) May 5, 2022