Top Sport

Бизарно и детско однесување на американската тенисерка Вандевеге

Коко Вандевеге, поранешната топ 10 тенисерка, беше критикуваа за својот бизарен настап на еден подготвителен турнир за САД опен, во кој одбиваше да игра.

Американката настапуваше на ИТФ турнирот во Лендисвил, Филаделфија и губеше со 2:0 во третиот сет од Екатерина Горгодзе пред мечот да биде прекинат поради лошо време. Таа го освои првиот сет и изгледаше дека оди кон лесна победа пред драматичната промена во вториот сет.

29-годишната губеше со 4:3 и намерно го загуби следниот гем за да и даде на ривалката 5:3 водство. Таа воопшто не се обидуваше да ги враќа ударите и да ги „брка“ топчињата, по што по загубениот сет побара медицинска пауза.

По ова следуваше прекин на мечот поради високите температури, а кога се врати а теренот, таа воопшто не се обидуваше да се загрева со противничката. На крајот, сепак, ја спаси тоа што мечот беше прекинат поради лошото време.

Како поранешна полуфиналистка од Австралија опен и САД опен, ова дефинитивно не е професионално однесување.

Scroll to Top