Top Sport

Боксерски меч на годината со седум нокдауни! Зепеда го „патосираше“ Баранчик

Хозе Зепеда и Иван Баранчик го имаа можеби највозбудливиот боксерски меч во 2020 година, откако во пет рунди во Лас Вегас имаше дури седум нокдауни, пред дуелот да заврши со можеби најдобриот нокаут оваа година.

Белорусинот Баранчик двапати го прати мексиканскиот противник на подот во меч во јуниор-велтер категорија, по што двајцата разменија уште пет нокдауни, пред бруталниот крај на мечот во петтата рунда.

Враќајќи се од броење до осум, Зепеда упати фантастичен аперкат, кој го прати Баранчик на подот со искривени нозе, но за среќа тој успеа сам да излезе од рингот и потоа да биде пратен во болница.

Scroll to Top