Германската боксрка Чејен Хенсон на социјалните мрежи ја покажа својата хорор повреда на главата по победата над Украинката Алина Зајцева во текот на викендот, уште еднаш докажувајќи колку боксот е опасен и брутален спорт.
23-годишната Хенсон доби победа со технички нокаут откако се судри со главите со Зајцева, добивајќи огромен хематон на главата во текот на мечот за титулата во супер-перо категорија на БДБ во Герштофен, Германија.
Германските медиуми објавуваат дека 21-годишната Зајцева неколку пати во текот на мечот била предупредувана за ударите со главата, пред лекарите да го прекинат мечот по драматичното отекување на главата на Хенсон.
„Успеавме! БДБ интернационална германска шампионка. Мечот беше тежок“, напиша Хенсон, по што објави „пред и потоа“ фотографија на која драстичноста на повредите беше очигледна.