Top Sport

Бомбаш самоубиец предизвика трагедија на стадион во Кабул

Огромна трагедија се случи на натпревар во крикет во Кабул, Авганистан. Бомбаш самоубиец се разнесе на трибините на стадионот во Кабул и притоа уби најмалку 19 лица.

На крикет-натпреварот од Т20 лигата на Авганистан, бомбаш-самоубиец извршил терористички напад при што убиени се најмалку 19 цивили, соопшти генералниот секретар на ООН, Антонио Гутереш.

Тој дополни дека нападите на цивилите и цивилните објекти се строго забранети според меѓународните хуманитарни права, а светот мора да влијае да се запрат овие трагедии.

Scroll to Top