Британската тениска „кралица“, Ема Радукану е обвинета од дел од британските медиуми дека ќе биде „алатка“ за руск пропаганда, откако 19-годишната актуелна шампионка од САД опен потврди дека ќе почне да работи со рускиот тренер, Дмитриј Турсунов пред одбраната на титулата.
Радукану не успеа да ја повтори блескавата форма од минатата сезона во Њујорк и по низа тренери со кои работеше привремено, се реши да почне да работи со поранешниот руски тенисер Турсунов, кој до минатиот месец беше тренер на естонската светска тенисерка број 2., Анет Контавеит.
Крис Брајант, шефот на парламентарната група за Русија, тврди дека „Кремљ ќе го престави ова како голема победа и како доказ дека Британија не се грижи за Украина“.
„Ќе биде вистинска штета ако Ема продолжи со ова. Би требало да размисли добро, и барем да го натера својот тренер да ги осуди варварските потези на Владимир Путин во Украина“, изјави Брајант, член на Лабуристичката партија за „Телеграф“.
Со него се согласува и пратеникот од владеачката Конзервативна партија, Џулијан Најт.
„Не е убаво да се види Русин како тренер на првата британска ѕвезд. Се надевам дека британската федерација ќе покаже лидерство и ќе ја советува Ема што е најдобро да направи“, изјави Најт.
39-годишниот Турсунов е поранешен тенисер, кој имаше најдобар рејтинг во топ 20 на АТП листата, пред да се пензионира во 2017 година, по што работеше со Контавеит, Белорусинката Арина Сабаленка и поранешната светска тенисерка број 1 во двојки, Русинката Елена Веснина.