Крег О’Шонеси, кој до пред еден месец работеше како аналитичар во тимот на Новак Ѓоковиќ за „Тенис Хед“ напишал дека на сите тенисери треба целта да им биде да освојат 52 отсто од одиграните поени. О’Шонеси се повикува на статистиката, за периодот 2015-2019, што на својата страница на интернет ја објави АТП.
Според оваа статистика само шестмина тенисери успеале да освојат 52 отсто од одиграните поени: Новак Ѓоковиќ, Рафаел Надал, Роџер Федерер, Енди Мареј, Милош Раониќ и Хуна Мартин дел Потро.
„Само тројца успеале да освојат 54 отсто од одиграните поени (Ѓоковиќ, Надал, Федерер) што значи дека во тенисот ситниците можат да направат голема разлика. Тоа значи дека тие губат 46 отсто од поените. Поради тоа ова е порака за останатите тенисери. Немојте да се нервирате секој пат кога ќе изгубите поен. Доколку изгубите 46 отсто од поените тоа значи дека ќе имате исклучително успешна кариера“, рекол О’Шонеси.
Процент на освоени поени во периодот 2015-2019:
Новак Ѓоковиќ – 25,921/47.169 (54,95%)
Рафаел Надал – 23,753/43.403 (54,73%)
Роџер Федерер – 22,516/41,281 (54,54%)
Енди Мареј – 17,263/32,520 (53,08%)
Милош Раониќ – 18,425/35,140 (52,43%)
Хуан Мартин дел Потро – 12,822/24,458 (52,42%)
MONEYBALL + tennis = a smarter sport. ??
You think it's all about statistics, but it's not. It's all about strategy = weak running forehands, 1st serve direction under pressure, the 2-1 pattern, etc…
The language of #tennis is numbers.
Link ▶️ https://t.co/Xq4FwTUGUs pic.twitter.com/6pyJMEx71p— Craig O'Shannessy (@BrainGameTennis) March 17, 2020