Започна турнејата „Четири скокалници“, а на стартот во Оберсдорф вистински спектакл.
По победата во квалификациите, Рјоју Кобајаши ја потврди сјајната форма и триумфираше на првото од четирите натпреварувања од новогодишната турнеја.
Кобајаши во првиот скок имаше 128,5 метри и беше петтопласиран, но со неверојатен скок од 141 метар во втората серија ги прескокна Јохансон, Линдвик, Гранерунд и Гајгер и дојде до голема победа.
Првопласираниот по првата рунда, Роберт Јохансон заврши трет по двата скока, а на втората позиција денеска се пласираше Гранеруд.
Денеска петтопласираниот Гајгер е прв во генералниот пласман со 639 бода, додека Кобајаши му се доближи на 596.
Најпријатно изненадување во Оберсдорф е младиот Словенец – Ловро Кос кој „леташе“ 139,5 метри во втората рунда, доволно за 6. позиција на крајот.
Наредниот натпревар е во Гармиш, на 31. декември се квалификациите, додека на 1. јануари е официјалната програма.
Today's Top 10! A very exciting competition in #Oberstdorf! #4hills pic.twitter.com/iw2ku6Iujl
— Vierschanzentournee (@vier_schanzen) December 29, 2021