Стефанос Циципас го живее својот сон во Мелбурн. Гркот ги освои симпатиите на публиката и по Роџер Федерер успеа да го совлада и Роберто Баутиста-Агут. Гркот е најмладиот полу-финалист на Австралија опен уште од 2003 година кога Енди Родик влезе меѓу најдобрата четворка и најмладиот полу-финалист на Гренд слем турнирите уште од Новак Ѓоковиќ кој во 2007 година играше полу-финале на Ју-Ес опен.
Циципас, во интересен и неизвесен меч, го победи Баутиста-Агут со 3:1 (7/5, 4/6, 6/4, 7/6). Шпанецот во секој сет што го губеше имаше свои шанси, имаше водство во сите од нив 2:4 во гемови, но со исклучок на вториот, Циципас успеваше да се врати.
Гркот во полу-финалето ќе игра против Рафаел Надал или Френсис Тијафо.