Стефанос Циципас ќе го предизвика Рафа Надал во финалето на Роџерс купот во Торонто. Гркот до најголемиот успех во кариерата дојде со победата над Кевин Андерсон од Јужна Африка, додека Надал го победи Карен Хачанов.
Циципас и Андерсон на теренот минаа два часа и 51 минута, младиот Грк славше во три сета, со пресврт, 6:7, 6:4, 7:6.
Младиот Грк игра турнир од сништата, бидејќи на патот до финалето успеа да победи четворица тенисери што се наоѓаат во Топ 10 на АТП листата. За да избори финале Циципас ги победи Дамир Џумхур, Доминик Тим, Новак Ѓоковиќ, Александар Зверев и Кевин Андерсон.
Противник во финалето на Циципас ќе му биде првиот светски рекет Надал. Шпанецот успеа да го победи Хачанов 6:4, 7:6. Надал ќе игра четврти пат во финалето на Роџерс купот во Канада и ќе се обиде да ја освои втората титула.