Жо-Вилфрид Цонга стана првиот тенисер кој освоил четири титули на Мозел опен во Мец, откако во финалето на АТП 250 турнирот со 6:7(4)/7:6(4)/6:3 го победи Словенецот Аљаж Бедене за своја втора титула во 2019 година.
34-годишниот ветеран го подобри скорот на 4-1 во финалињата во Мец по тешка битка од 2 часа и 47 минути, откако успеа да ги освои сите гемови на свој сервис (загуби само четири поени на прв сервис). Тој е деветтиот француски шампион во последните 11 години на турнирот. Од титулата на Гаел Монфис во 2009, само Белгиецот Давид Гофан (2014) и Германецот Петер Гојовчик (2017) не се шампиони кои доаѓаат од Франција.
Од неговите 18 АТП титули, Цонга дури 10 освои на француско тло, откако трипати победи во Марсеј (2009, 2013, 2017) и имаше победи на Мастерсот во Париз (2008), Лион опен (2017) и на Опен суд де Франс во Марсеј оваа година.