Магазинот „Форбс“ и оваа година ја објави листата на највредните спортски клубови во светот. Петта година по ред на првото место се Далас Каубојс од НХЛ лигата во САД. Оваа франшиза, според анализите на „Форбс“, вреди 5,5 милијарди долари.
Следни на листата се бејзбол тимот Њу Јорк Јенкис (5 милијарди долари), а потоа следуваат три НБА франшизи: Њујорк Никс (4,6 милијарди долари), Лос Анџелес Лејкерс (4,4 милијарди) и Голден стејт Вориорс (4,3 милијарди).
Меѓу првите десет се наоѓаат и три европски фудбалски гиганти: Реал Мадрид (4,24 милијарди), Барселона (4 милијарди) и Манчестер Јунајтед (3,8 милијарди долари).