Top Sport

Дали Зигемунд стигна до второто коло со „измама“?

Германката Лаура Зигемунд беше мета на остри критики на социјалните мрежи кај тениските фанови откако не призна дека топчето двапати отскокнало во нејзината половина при камбек победата над Кристина Младенович на Ролан Гарос во вторникот.

Младенович имаше сет-топка при 5:1 во првиот сет, но Германката успеа да ја врати скратената топка иако таа двапати отскокна во нејзината половина. Иако беше очигледно што се случи, судијката Ева Асдераки не го забележа тоа и додели поен за Германката. Потоа, таа спаси уште шест сет-топки да го освои првиот сет со 7:5, пред лесно да го добие и вториот со 6:3.

Ова не е првпат 32-годишната Зигемунд да е на „мета“ поради неспортски потези, откако поранешната британска тенисерка Ен Кеотавонг ја обвинуваше Германката дека намерно зема медицински паузи за да го попречи ритамот на противникот.

Scroll to Top