Финалињата на Дејвис купот и Фед купот се одложени за 2021 година поради пандемијата на корона вирусот, потврди Интернационалната тениска федерација (ИТФ).
Обновениот Дејвис куп, кој беше реформиран минатата година, требаше повторно да се оддржи во Мадрид во ноември, додека Фед купот требаше да се игра во Будимпешта уште во април. ИТФ во партнерство на компанијата „Космос“ на дефанзивецот на Барселона, Жерард Пике го реформираше финалето како турнир на 18 репрезентации, а лани до титулата ја освоија Рафаел Надал и Шпанија.
„Ова е огромно разочарување за сите нас, но не знаеме какви ќе бидат условите во различните нации или ограничувањата во Шпанија во ноември. Безбедноста мора да биде на прво место“, изјави Пике.
Фед купот е презакажан за од 13 до 18 април 2021 година во арената „Ласло Пап“ во Будимпешта.
ВТА турнејата ќе продолжи на 3 август во Палермо, додека АТП турнејата својот прв турнир ќе го има во Вашингтон со Сити опен во август.