Бугарскиот тенисер, Григор Димитров, можеби во кариерата не освои гренд слем турнири и покрај несомнениот талент кој го има(ше), но затоа на љубовен план секогаш му оди најдобро. Откако неодамна наполни 30 години, сега бугарските медиуми тврдат дека тој ќе се жени со 25-годишната Русинка Лолита Османова.
Димитров во минатото имаше врска со тенисерката Марија Шарапова и со поп-дивата Никол Шерцингер, но сега Османова, ќерка на рускиот милијардер Елдар Османов, се пофали со прстен на раката зголемувајќи ги шпекулациите за брза свадба.
Популарниот Гришо неодамна ја однесе Лолита на посета на Бугарија, за што таа се пофали на својот Инстаграм профил, а сега се заедно во Швајцарија, каде што Димитров игра на турнирот во Женева.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram