Откако самиот се прогласи за „крал за камбек“, Ентони Џошуа вети одмазда против Олександер Усик за по третпат да стане шампион во тешка категорија кога двајцата ќе се сретнат во римечот во Саудиска Арбија ова лето.
„Бесот на Црвеното Море“, како што е наречен ри-мечот во Џеда на 20 август, ќе биде шанса Џошуа да покаже дека умее многу повеќе откако во првиот меч во септември, Усик доминираше за да стигне до победа на поени. На прес-конференцијата во Џеда, Англичанецот вети одмазда.
„Дефинитивно гладот за победи е тука. Грешки се случуваат во животот, но посветеноста, менталната сила и постојаноста секогаш ќе победат. На пат сум за апсолутната титула во тешка категорија со божја помош“, вели 32-годишиот Џошуа.
По поразот од Усик, Џошуа се раздели од својот долгогодишен тренер Роберт Меккракен и го ангажираше респектабилниот Роберт Гарсија. И покрај ова, Усик е фаворит кај обложувалниците пред вториот меч
„Го почитувам противникот и неговат способност. Но, сега ќе бидам подобар од него во втората шанса. Кога бев тинејџер имав проблеми во животот и добив втора шанса. Јас сум кралот за камбек“, додава Џошуа.
Усик се враќа во рингот откако во март ја напушти Украина со посебна дозвола од властите, бидејќи првично се пријави во територијалната одбрана во војната со Русија.
„За мене е голема чест што сум тука. Сите знаеме дека дома не сме во најдобра состојба, но го правиме тоа што е потребно, заедно со мојот тим и работиме да ги оствариме целите. Никогаш не сум давал некои големи говори, наместо тоа работев на тренинг-кампот и ќе продолжам така до мечот. Потоа ќе влезам во рингот и ќе ве усреќам“, изјави Усик.
? FACE OFF ??@usykaa vs @anthonyjoshua: The rematch!
? Unified World Heavyweight Titles
?️ Aug 20#UsykJoshua2 #RageOnTheRedSea pic.twitter.com/spImJF4aEz— Matchroom Boxing (@MatchroomBoxing) June 21, 2022