Минатата недела Новак Ѓоковиќ го збриша Данил Медведев во финалето на Ју-ес опен и ја освои својата 24. Грен слем титула. И покрај сите негови достигнувања многумина се уште спорат дека тој е најдобар на сите времиња.
Марион Бартоли, поранешната победничка на Вимблдон, се осврна на ова во интервју за „RMC“ и рече дека Ѓоковиќ го нема статусот што го заслужува само затоа што е Србин.
„Добро знаеме дека доколку Новак беше Американец, со 24. Грен слем титули, 39. Мастерс трофеи, шест финални турнири и рекорд по бројот на недели поминати на првото место, би имал статуа во секој град. Нема само затоа што е Србин. Тоа е многу мала земја со исклучително турбулентна понова историја“, рече Бартоли и додаде:
„Новак минатата година се најде на насловните страници поради неверојатен настан. Играчот кој освои најмногу титули беше избркан од земјата, а пред тоа беше во притвор… Нетфликс треба да сними серија за него“.