Поранешниот украински тенисер, Александер Долгополов го спореди светскиот рекет број 8, Андреј Рубљов со рускиот претседател Владимир Путин, нарекувајќи го лажго и лицемер по неговата вчерашна изјава дека Вимблдон ги дискриминира руските и белоруските тенисери со тоа што нема да им дозволи настап.
Долгополов одговори на социјалните мрежи.
„Таа изјава на Рубљов е совршен пример зошто одлуката на Вимблдон е исправна. Точно тоа што неговиот претседател и нивната пропаганда го прави цело време: ЛАЖЕ! ‘Не знам ништо, не ги следам вестите, не сум образован’. Подобро не кажувај ништо отколку да се обидеш да лажеш како твојата влада, само да си го оддржиш нормалниот живот. Твојата земја масовно силува деца и жени, егзекутира луѓе со врзани раце и се онесува како варвар. За жал, овој говор е полн со хипокризија и лаги и АТП и ВТА не смеат да поддржуваат вакво однесување. Ако тие сакаат да зборуваат, нека зборуваат вистина“, одговори Долгополов.
So, in this thread, let’s discuss, why this Rublev statement is mostly lying and hypocrisy, exactly the reason how russia acts in the world. Will post my thoughts ⬇️
And why @atptour @WTA should not try to step aside and welcome these kind of behaviors pic.twitter.com/ZEsVwjRXrv— Alex Dolgopolov (@TheDolgo) April 22, 2022
Рубљов „удри“ по Вимблдон: Зошто не ги донираа парите за тие кои страдаат?