Педи Пимблет, британската ММА ѕвезда кој уште не дебитирал во УФЦ кафезот, влезе во напад на најголемите ѕвезди на спортот, велејќи дека Хабиб Нурмагомедов станал „Карен“ и дека не е најдобриот на сите времиња, додека Конор Мекгрегор е човек кој си ја „уништил репутацијата“.
26-годишниот Пимблет подолго се смета за еден од највозбудливите млади ММА фајтери по сензационалните борби во промотерската куќа „Кејџ вориорс“ и ќе има шанса да се докаже во УФЦ на 4 септември во Лас Вегас, кога ќе влезе во кафезот со Бразилецот Луиџи Вендрамини.
Тој посебно беше критичен кон Хабиб.
„Тој стана ‘Карен’ во ММА спортот. Го гледав на подкастот со Мајк Тајсон пред некој ден, кога бараше да се тргне фаст-фуд храната и марихуаната. Не, дечко, тоа е негово шоу. Замолчи. Таму си како гостин и ќе правиш што ќе ти кажат, дива една. Фановите на Хабиб се дури посрамотни од тие на Конор. Кажав дека не е Г.О.А.Т., и дека е најдобар во категоријата до 155 и веднаш почнаа да плачат на социјалните мрежи. Не е најголемиот. Тој имаше три одбрани на титулата, а Џон Џонс имаше колку? 12?“, вели Пимблет.
Тој не го штедеше ниту Конор.
„Да бидам искрен, тој е човекот кој најмногу ја уништи својата репутација. А ќе беше добро да се сретнеме на ‘Енфилд’. Скаузер (човек од Ливерпул н.з.) и Ирец. Тоа ќе беше фантастично пред 60.000 луѓе. Но, веќе не го бива, би го средил во две рунди“, додава Пимблет.
Paddy Pimblett comments on Khabib. Calls him the “Karen” of MMA. Thoughts? #MMATwitter pic.twitter.com/OQiAcyFVC7
— BogoMMA (@BogoMMA_) August 23, 2021