Top Sport

Еди Хол вежба со кревање на четири девојки!

Британецот Еди Хол, поранешниот „најсилен човек на светот“, продолжува за подготовките за боксерскиот меч со исландскиот ривал Хафтор Бјорнсон („Планината“ од „Игра на тронови“), на необичен начин покажувајќи ја неверојатната сила.

На вообичаеното место, тој наместо тегови успеа да крене четири девојки кои стоеја од двете страни.

Хол, исто така успеа да ги намали килограмите на 160 за да може да се движи во боксерскиот ринг и вели дека е целосно подготвен за акција.

„Се чувствувам, мега, мега фит! Сега сум подготвен. Хафтор? Да е запален, нема да го измочам за да го изгаснам огнот“, вели Хол.

Неверојатна физичка трансформација на „силните момци“ Тор и Еди Хол

 

Scroll to Top