Top Sport

ИОЦ ќе го укине олимпискиот статус на боксот и на ИБА на 22 јуни

Интерационалниот олимписки комитет (ИОЦ) на итниот состанок на 22 јуни ќе го повлече признавањето на Интернационалната боксерса асоцијација (ИБА) и на боксот како олимписки спорт. Боксот ќе остане на програмата на Олимпијадата во Париз во 2024 година, но извршниот одбор на ИОЦ побара исклучување на ИБА.

ИОЦ веќе ја суспендираше ИБА во 2019 по долгорочните контроверзи околу финансиите во федерацијата, судењето и интегритетот на спортот, за комитетот сам да ги организира бокерските натпреварувања во Токио во 2021.

ИБА и нивниот претседател, Русинот Умар Кремљев ја осудија одлуката како „чисто политичка“.

„Не ни останува друга опција освен да бара непристрасна одлука од суд“, изјави Кремљев.

ИОЦ постојано тврди дека нема проблем со сите спортисти кои се под закрила на ИБА, туку само со водството и претседателот Кремљев, како и за финансиската зависност од руската компанија „Газпром“.

Scroll to Top