Top Sport

Едно е да си „тепач“, а друго боксер – Логан Пол го чека „голем ќотек“ од Мејведер

Повеќе боксерски фанови сметаат дека Јутјуберот Логан Пол го ризикува својот живот со влегувањето во ринг со Флојд Мејведер Јуниор овој викенд, посебно откако снимките од неговите подготовки покажуваат дека тој има уште многу да учи за оновите на боксот.

Пол, кој нема ниту еден професионален боксерски меч во категоријата, од дуели со Јутјуб ѕвезди ќе се пресели во ринг со еден од најдобрите боксери во историјата (ако не и најдобриот), човек кој има 50-0 скор во рингот.

Да, со своите 26 години тој е далеку помлад од Мејведер, и носи значителна разлика во големина и во дофатот против поранешниот шампион, но снимката на кампот за подготовка и споредбата со ударите на Мејведер не најавуваат дека тој може да направи нешто повеќе против 44-годишниот ветеран.

Сепак, на негова страна е тоа што всушност се работи за егзибициски меч – нема да има судии кои ќе го оценуваат победникот (иако нокаути и нокдауни се дозволени), а ќе се боксува во осум рунди по 3 минути. Ова нема да пречи двајцата да добијат огромна сума пари (Мејведер се пофали со 100 милиони долари), но сепак, претставува уште еден удар за репутацијата на спортот.

Scroll to Top