Top Sport

Едвардс со чудесен нокаут го уништи Камару Усман за УФЦ титулата

Леон Едвардс стана УФЦ шампион во велтер категорија, откако имаше чудесен камбек за да го нокаутира Камару Усман во главнио меч на УФЦ 278 во Лас Вегас. Откако губеше во последната рунда, Едвардс имаше спектакуларен удар со нога во главата на Усман за да го „успие“ противникот во еден од најнезаборавните моменти во УФЦ историјата.

„Сите велевте дека не можам да го направам тоа. Но, сега, видете ме! Удар во главата, тој е мртов. Тоа е крај. Овој појас сега е мој“, изјави Едвардс по мечот.

Едвардс успеа да се врати од лошиот старт на мечот за да стане првиот УФЦ фајтер кој го пратил „Нигерискиот кошмар“ на подот во првата рунда од мечот. Но, по ова Усман беше поагресивниот фајтер, со низа удари во телото и главата на Едвардс. Пред последната петта рунда, изгледаше дека Усман ја има контролата на мечот пред чудесниот удар на Едвардс.

Scroll to Top