Top Sport

Егоров стана европски првак!

Македонскиот борач, Владимир Егоров го освои златниот медал на Европското првенство во борење во Будимпешта, откако во финалето во категоријата до 57 килограми со 8:6 го совлада противникот од Азербејџан, Алиабас Рзазаде.

Македонскиот борач со руско потекло, со фантастичниот успех го подобри пласманот од ЕП во Букурешт во 2019 година, кога го освои бронзениот медал, но за жал не успеа да се квалификува за минатогодишната Олимпијада во Токио.

Scroll to Top