Top Sport

Екс-НФЛ играч уапсен по видеото во кое брутално ја тепа својата девојка

Поранешниот НФЛ ранинг бек, Зек Стејси е уапсен откако се обидел да избега од Флорида по објавувањето на видеото на кое брутално ја напаѓа својата поранешна девојка пред нивниот син.

30-годишниот Стејси, кој е поранешен играч на Њујорк џетс и Сент Луис рамс, бил уапсен во четвртокот навечер по објавувањето на видеото во кое ја напаѓа својата поранешна партнерка Кристин Еванс пред нивниот петмесечен син во саботата. Тој е обвинет за напад и криминално однесување.

Стејси беше избран во петтата рунда на НФЛ драфтот, а ова не му е прв проблем со законот – тој веќе имаше забрана за приближување кон Еванс, откако станал насилен додека таа била бремена.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');