ММА легендата, Федор Емелианенко смета дека интернационалната спортска заедница мора да дозволи руските спортисти да се натпреваруваат без пречки и покрај социо-политичката глобална ситуација, опишувајќи ги во моментов како „заложници“ на политиката.
Се очекува 46-годишниот поранешен шампион од „Прајд“, да го објави својот последен меч во Москва, откако „Белатор“ се повлече од организацијата поради војната во Украина. Емелианенко, кој е претседател на рускиот ММА сојуз, побара од Асоцијацијата на ММА борби (ИММАФ) да ја повлече суспензијата на руските спортисти и да им дозволи настап на СП во 2023.
„До неодамна, спортот беше посебен од политиката, но сега се наоѓаме во ситуација каде што руските талентирани спортисти се заложници на јавните и политички односи меѓу земјите. Сите претходни планови, надежи и огромни работи кои беа направени сега се вратени на нула, вербата во правдата како освоен принцип на олимпизмот е загубен. Јас верувам дека спортистите треба да се натпреваруваат против исто толку вредни противници, бидејќи тоа е принципот за развој на спортот“, вели Емелианенко.